kalo

Апликација за следење на производно и магацинско кало на полупроизводи и готови производи

Оваа апликација е изведена за Touch Screen или Panel компјутери кои се поставени физички во деловите на производните процеси (припрема, сушара. клима комора, магацин за пакување и слично)

При дефинирање на основниот производ се дефинираат и мерните точки низ кои поминува во процесот на производство. Бирањето на основниот производ е според ЛОТ во рамките на производниот план. Во апликацијата се бира типот на мерењето ( влез во процес, контролно мерење или излез ) , типот на количката и шипките (со нивната тежина) и се внесува бруто тежината измерена. Системот ја пресмтеува нето тежината и процентот на кало од предходното мерење. На крај од производниот процес се менува автоматски количината на производот во приемницата при што магацинот се задложќува со реалната количина и имаме извештај за калото низ секој од процесите како и вкупното кало кое е разлика меѓу планираната количина во планот за производство и реалната количина.

Во процесот на чување на основниот поизвод во магацинот се мери и броту тежината на количките секојдневнмо при што системот г опресметува калото при чување на ариклите или магацинскот кало како и автоматски се изработува магацисински документ со кој се раздолжува магацинот.

Преку оваа апликација имаме прецизна контрола на калото низ производните процеси и магацините при што во секој момент се има реалната количина како и вредноста на отписот.


ПЛАНЕТ ИНТЕРАКТИВ © 2012