Модул за извештаи

Модулот за извештаи може да се повика од серверската аликација но и преку интернет со директно поврзување преку телефонска линија на серверот. Извештаи кои се поддржани се следниве:

  • Преглед на менито, нормативите, корисниците
  • Преглед на продадени артикли од менито по период
  • Преглед на сите промени направени во нарачките (со корисник кој ја направил промената со час и минути, стара и променета вредност на артиклот во сметката)
  • Материјални извештаи – Потрошени артикли од магацин по период, цена на чинење на издадените артикли според начин на плаќање, Моментална состојба на лагерот во магацините, Преглед на набавките
  • Финансиски извештаи - промет по келнери, промет по каси, вкупен дневен промет по начин на плаќање,детален промет по фирми-клиенти
  • Преглед на сите сметки направени во ресторанот со време на отварање и затварање, време на нарачка и келнер на секоја ставка на сметката, даден попуст и тип на плаќање, преглед на сите моментално отворени сметки во објектот
  • Статистички извештаи за продажбата – преглед на најпродавани артикли според количина и цена со процентуална застапеност во вкупниот промет, преглед на промет по часови и друго.

ПЛАНЕТ ИНТЕРАКТИВ © 2012