Успешен пример за имплементација на Phobos во Агрија
Агрија е современа компанија која делува во сферата на агроиндустријата и производството на храна. Организирана е како систем во кој влегуваат фабрика за производство на сточна храна, свињарска фарма и кланица. Со тоа се добива затворен систем кој може успешно да функционира во пазарни услови на стопанисување. Фабриката за сточна храна освен за сопствени потреби, работи и за пласман на пазарот, додека кланицата како последна во низата, произведува свежо месо, наменето за пазарот. Пласманот е наменет првенствено за домашен пазар и се соработува со постојани клиенти, но и преку сопствени продавници за малопродажба.
Сите три субјекти се наоѓаат на географски различни локации ( Велес, Св. Николе и Градско), а на една од нив (Велес) се наоѓа и дирекцијата каде се извршуваат финансиските, сметководствените и менаџмент операциите.
Сето ова упатува на сложен управен механизам, кој се карактеризира со различни деловни операции ( производство, трговија, магацински менаџмент, продажба и сл.), со голем број на различни информации и сложени односи помеѓу нив.
Менаџирањето на сите овие процеси и информации бара современ софтерски систем кој освен следење и правилно управување со тековните операции ќе овозможи и непречен развој на компанијата со воведување на нови процеси и производи.
Предходна ситуација
Во моментов компанијата не располага со соодветен систем кој ќе одговори на секојдневните барања. При процесот на обработка на податоците детектирани се следниве проблеми:
- Голем дел од извештаите се прават рачно и неавтоматизирано
- Немање на контрола над суровините и нивната искористеност во производниот процес
- Не постои комјутерско и автоматско следење на нормативите во производствениот процес
- Немање на директна врска меѓу понудите, фактурите и магацинските документи
- Не постои систем за извештаи кои на менаџерите ќе им овозможи целосен увид во сите процеси во компанијата.
- Немање на директна комуникација меѓу сите субјекти
- Несоодветно и нецелосно компјутерско водење на податоците
- Непостоење на еден софтверски систем од кој ќе може да се извлечат потребни извештаи и информации
На сите три локации во рамките на системот е инсталиран Фобос, за извршување на сите бизнис операции.
Направени се неопходните промени, односно прилагодување на решението за да одговара на специфичните потреби.
Во кланицата е изведен механизам за евиденција на дневните нарачки за производи од кланицата од страна на клиентите, со што се олесни комуникацијата меѓу комерцијалистите и производството, но се елиминираа и сите грешки при работењето. Изведени се низа автоматизации во работните процеси, со што еднаш внесените податоци само се проследуваа низ системот. Такви се автоматското правење на фактури од испратници, испратници од нарачки, приемници од влезни фактури, каса прими од готовиски фактури и слично. Направена е комплетна автоматизација на процесите во сметководственото работење со што се засили контролната улога на финансискиот сектор, наместо улогата на внесување на податоците.
Со имплементација на робусниот систем од извештаи е олесената контролата на работните процеси, но и следењето на успешноста на компанијата што сега менаџерот нема потреба да ги бара информациите од вработените бидејки сите тие и многу други бизнис критични информации му се достапни во истиот момент.
Во свињарската фарма, реализирани се низа на проемни на стандардните документи со цел да се прати специфичниот процес на работење, односно потрошувачката на храна и лекови во секоја фаза на фармата, но и бројот на жива стока низа фазите. Сето тоа е поткрепено со специјализирани извештаи.
Во фабриката за сточна храна се реализарани специјални функционалности за дефинирање на нормативите за готовите производи, но и дневните планови за производство со соодветна автоматизација на документите кои се пренесуваат низ системот.
Сите три локации со помош на посебен дел од решението се поврзани со систем за синхронизација при што сите неопходни податаоци се пренесуваат од двете локации кон дирекцијата, така да е возможно извршување на сите финансиски и материјални операции од едно место.
Резултат
- Обезбедување на непречен и автоматизиран проток на информации во бизнис работењето на компанијата, при што вработениот не прави дополнителни чекори за внесување и обработка на информациите
- Со автоматизацијата и директно пренесување на информациите од сектор и нивно автомарско пренесување и обработка за другиот сектор се намалува можноста за грешка при деловните процеси и внесувањето на податоците
- Менаџерите сега веќе имаат правовремен и побрз пристап кон бизнис критичните информации со што добиваат детален преглед за тоа што се случува во самата компанија, врз основа на што се намалува веројатноста од грешка при носење на критични бизнис одлуки
- Поедноставен пристап кон базата на податоци на компанијата на сите овластени лица вклучени во процесот на работењето
- Воспоставена директна комуникација меѓу производството и дирекцијата
- Поефикасно и побрзо правење на нарачки кон клиентите, со што се зголемува задоволството на клиентите во работата со Агрија
- Поефикасна и побрза обработка на нарачките од клиентите
- Намалување на времето потребно за услуга на клиентите
- Намалување на генералните материјални трошоци во компанијата
- Анализа на работењето со што се едноставно се добиваат одговори на прашањата како што се:
- Кои наши производи се најбарани? Што повеќе бара пазарот во одреден временски период?
- Кога да нарачаме одредедена суровина? Кои се критичните количини на суровините и готовите производи?
- Кои се нашите најдобри клиенти? Кој редовно нарачува и плаќа?
- Колку е потрошено храна или лекови во секоја фаза во фармата? Кои се трошоците на производтсвото?
- Каде завршиле производите од колењето на одреден датум?
- Што е добиено како готов производ од одредена пратка на пилиња?
- Кој регион во Македонија најмалку купува од нашите производи?
- Колку сме потрошиле а колку заработиле?
- Во која насока понатаму да се развиваме?
- Подобар менаџмент на работниот процес
| » Download Phobos - Demo |
