Интернет решенија
Зошто интернет присуство?
Се повеќе, индивидуалци и компании ја гледаат вашата web страна пред да стапат во бизнис преговори со вас. Тоа е како да барате брошура или пишан материјал од компанијата за која сте заинтересирани. Во денешниот информативен свет, вашиот web site може ефикасно да пренесе информации и факти кои би предизвикале интерес кај вашите потенциални клиенти.
Замислете дека некоја компанија или поединец сака да купите нешто, но пред тоа би сакале да ги види и алтернативите кои постојат, а како наједноставно место за изнаоѓање на тие информации претставува интернетот. Во процесот на пребарување, потенцијалниот купувач го посетува вашиот web site и се запознава со вашиот производ или услуга. Доколку описите и пораките се убаво осмислени тие можат да предизвикаат интерес со што потенцијалниот купувач ја пополнува формата за повеќе информации. Вие или вашите вработени одговараат веднаш со потребните информации и вие завршувате со деловна спогодба или продажба.
Всушност повеќето луѓе го гледаат интернетот најпрво за да најдат одредена компанија со која би сакале да соработуваат.
Web site е моќна алатка што бара минимални трошкови за креирање и одржување, донесувајќи моментални резултати што позитивно ке влијаат на вашата продажба и вашиот профит. Се повеќе бизниси го претвораат својот Web site во online продажна страница.
Вашата продавница е секогаш отворена. Со вашиот web site вие работите 24 часа на ден, 365 дена годишно. Вашата физичка продавница од бизнисот нема да резултира со губење на продажбата од личностите што бараат информации кога вашата продавница е затворена. Со користење на функционалностите на продажната страница потенцијалниот клиент може да направи порачка, која што вие и вашите вработени ќе можете да ја проследите следниот работен ден.
Географска Експанзија
Трошоците за вашиот web site можат да бидат дури и помали отколку што плаќате моментално за вашата реклама во печатените медиуми. Исто така, предноста на web трошокот е во тоа што тој се извршува еднаш за разлика од плаќањето за рекламата во медиумите која е според бројот на објавувања
Други предности на web страницата за разлика од печатените медиуми:
- Вашата web страна може да се види глобално за разлика од печатените медиуми кој се локални.
- Менувањето на вашата web страна може да се изврши за еден ден, а пак кај медиумите до нивното следно печатење.
- Повеќе информации можат да се прикажат на вашата web страница во врска со вашите сервиси, продукти и др., и тоа за помала вредност.
Доколку сакате да го проширите вашиот бизнис во други географски подрачја, вашата web страница ќе ви помогне да го зголемите и проширите вашето присуство.
Web site - от не е замена за сите ваши маркетиншки алатки. Во денешниот пазар, тој треба да биде дел од вашиот севкупен маркетиншки план.
Зошто e-Commerce?, Зошто Планет Интерактив?
