Успешен пример за имплементација на Deimos Mobile и Phobos во Hard Rock

Предходна ситуација
Хард Рок е еден од најпознатите ноќни клубови во Скопје. Неговите сопственици сакаа при повторното отварање на клубот да имплементираат современо софтверско решение кое ќе помогне и олесни работата, но и ќе ја зголеми контролата над потрошувачката во клубот и остварениот приход. Клубот има 3 шанка кои се задолжуваат секој ден од страна на централниот магацин, на кој се поставени касите за наплата. Освен трите шанка во рамките на клубот работи и ресторан и кујна. Во одреден дел од ноќта притисокот врз шанкот и бројот на нарачки е огромен. Менаџерите имаат потреба од прецизни податоци за направените нарачки, реализираниот промет но и потрошените артикли од секој шанк.

Имплементиранo решение
Имплементирани се две софтверски решенија кои функционираат заедно: Deimos Mobile и Phobos.
Deimos Mobile го реши проблемот со големиот број на нарачки во клубот. На секој од шанковите е инсталирана каса од која се прават нарачките од шанкот, додека келнерите се опремени со Pocket PC. На овој начин,практично секој келнер има свој сопствен компјутер од кој ги прави нарачките. Со тоа е избегната гужвата пред касите и непотребното чекање на услуга на гостите. Нарачката се прави од самата маса пред гостите, шанкерот ја прима преку термален печатач и ја припрема, додека наплатата оди директно од мобилниот уред со печатење на сметката на фискалниот печатач.

Во кујната е инсталиран термален печатач поврзан преку Print Server во мрежата. Нарачките со артикли кои се спремаат во кујната директно се печатат на тој печатач, додека останатите артикли на соодветниот  шанк. Целиот клуб е поделен во 3 реони во зависност од шанкот кон кој гравитираат.
Во канцеларијата на клубот се наоѓа серверот каде е инсталирана администрацијата на Deimos преку која се подесуваат сите параметри на софтверот но и системот за Извештаи, од каде се прегледуваат и печатат сите податоци за дневното работење.

Материјалното и финансиското работење се изведува преку Phobos. Преку овој софтвер се води евиденција за набавките во клубот преку контрола на централниот магацин но и дневните задолжувања на секој од шанковите и кујната. Со правењето на секоја нарачка од секој шанк се намалува количината според предходно утврден норматив така што системот дава комплетен извештај за дневната потрошувачка на артикли од мени, но и на магацински артикли.

Со внесување на влезните фактури во системот постои евиденција на просечните цени на набавка за секој артикал, а со тоа и извештај за потрошувачката по набавни цени, односно следење на профитабилноста на клубот.

Предности на решението:
  • Комплетна контрола на сите параметри од работењето
  • Намалување на вработениот персонал
  • Намалување на времето на услуга на гостите
  • Зголемување на бројот на нарачки во клубот
  • Намалување на грешките и злоупотребите при работењето
  • Ефикасност во нарачување на артикли за клубот
  • Прецизна евиденција на трошоците и приходот
  • Следење на состојбата и работењето на сите вработени и шанкови

Мали компании
Средни и големи компании
Успешни приказни
Прочитајте околу искуството од користење на нашиот софвер