I-Office

И-офис е современо интранет решение кое представува систем за канцелариски менаџмент.

Составен е од алатки неопходни за секојдневно работење, во една фирма или организација. Со негова помош се олеснува комуникацијата меѓѕ вработените и се воведува систем за подобра организираност и контрола на работните процеси.

Сите корисници кои се поделени во работни оддели но и според привилегиите за користење можат да користат алатки кои обезбедуваат сопствена агенда или распоред на работното време, листа на контакти (лични и општи), веб сајтови, интерни пораки, распоред на состаноци и други комуникациски алатки.

Но вистинската моќ на овој проект е комплетниот менаџмент систем кој овозможува ефикасна организација на проектите, прецизно дневно планирање на работните задачи за секој вработен, и над сето тоа спецификацијата на трошоци за задачи и проекти.
Администраторски и систем за генерирање на извештаи се деполнителен дел на ова решение.

Предности
Со негова помош може да се следат и контролираат сите задачи, текот на нивното извршување, да се води евиденција за крајните рокови на задачите, нивно ажурирање, лесно и едноставно додавање на нови и сл.
Наменет за сите вработени во фирмата, од работодавци до вработени, како за задавање, така и за следење на проектите односно задачите.

Целта е да се зголеми и конкретизира самата обврска, а притоа да се намали проблемот со проследување на извршените задачи, да се обезбеди подобра работна комуникација на релација работодавец – извршител на задача, а и воопшто пренесување на информациите меѓу сите корисници.

Воедно со помош на оваа апликација, се овозможува намалување на трошоците како и за подобрување на ефикасноста во работењето.

И офисот како интранет решение во целост се вклопува во мрежната околина на една компанија, овозможувајќи лесен пристап до потребните документи.
Прилагодливите извештаи преставуваат моќни алатки за менаџерскиот тим во компанијата.

Модуларната изведба овозможува лесно прилагодување кон индивидуалните потреби на секоја фирма пооделно

Мали компании
Средни и големи компании
Успешни приказни
Прочитајте околу искуството од користење на нашиот софвер