Deimos Mobile
Зошто Deimos Mobile?
Затоа што овозможува:
Намалување на времето за нарачка, припрема и послужување
Зголемување на бројот на услужени гости
Елиминирање на грешките во процесот на нарачување
Неможност за манипулација на вработените
Следење на состојбата во локалот преку голем број на прегледни извештаи
Контрола врз набавките и трошоците со вградени аларми за количините во магацинот
Решението се Состои од:
Централна Апликација за Нарачки, Контрола и Наплата
Мобилна Апликација за Нарачки и Наплата
Апликација за Места на Припрема
Извештаи( Локално и со Одалечен Пристап)
Магацинско Работење
Администрација на Решението (маси,региони,места на припрема, корисници и итн.)
Како работи?
Келнерот преку мобилниот уред има преглед врз сите маси во локалот, и знае во секој момент која од нив е зафатена. Тоа му овозможува клиентите веднаш да ги насочи до слободната маса, со што се избегнуваат незгодните моменти на чекање. Добиените нарачки може да ги менува, да ги надополнува или да ги затвора од самиот уред. Со опцијата „Забелешка“, личната желба на клиентот не се заборава и се овозможува сигурна и ефикасна услуга, создадена целосно по негова мерка.
Преку мобилниот уред нарачките автоматски се пренесуваат до кујната/шанкот, така што келнерот е целосно достапен за клиентот во секое време. Вработените во кујната /шанкот ја добиваат во истиот момент, со што времето за припремање на нарачката се намалува.
Менаџерот на локалот преку централната апликација има целосен преглед врз сите аспекти на работата. Бројот и големината на нарачките, статусот на масите, ефективноста на персоналот, како и искористеноста и количеството на артиклите во магацинот.
Системот на извештаи ви дава целосна контрола врз моменталната ситуација во локалот. Тој е едноставен, лесен за користење, и ќе ви помогне да донесете подобри менаџерски одлуки. Од него ќе ги добиете на дневно ниво и најситните детали за нарачките во локалот, дневниот промет, набавките како и состојбата во магацинот.
| » Искуство од користењето на Deimos |
| » Успешен пример за имплементација на Deimos во Hard Rock |
Други верзии на Deimos
